Банер
Red Purple Black
Банер
Банер

Надеж дека во Чикаго ќе се разговара и за Македонија

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

nato-otanМакедонските власти се надеваат дека Грција нема да се противи прашањето за Македонија да биде ставено на дневен ред на Самитот на НАТО што треба да се одржи во мај во Чикаго, брифираат во македонското Министерство за надворешни работи.
Од оние разговори што ги имаме, постои очекување, особено во најавите или пристапот што Грција го фаворизира, дека постои простор да има некаква согласност и од грчка страна. Тоа ние не го гледаме во нашите билатерални дискусии со нив, барем досега, но надежта е насочена во тој правец.


„Од оние разговори што ги имаме, постои очекување, особено во најавите или пристапот што Грција го фаворизира, дека постои простор да има некаква согласност и од грчка страна. Тоа ние не го гледаме во нашите билатерални дискусии со нив, барем досега, но надежта е насочена во тој правец“, велат во МНР.

На новинарско прашање, дали имало контакти со земји-членки на НАТО, кои би го отвориле прашањето за Македонија, во министерството велат дека не би се ограничувале само на една земја „која би го зела знамето и би не ставила во агендата во Чикаго“.
„Наша цел не е да создадеме поделба по тоа прашање. Наша цел е да создадеме обединување, односно да ги пренесеме нашите аргументи, и на тоа максимално работиме, дека навистина нема никаков резон, ниту политички, ниту безбедносен, нуту, пак, на билатерално ниво за да се продолжи со опструирање на нешто што е и правно нелегално и политички нема никаква придобивка, ни од аспект на Алијансата, ни од аспект на Грција“, велат во МНР.

Во министерството велат дека средбите со грчките претставници претставуваат само одолговлекување на решението за спорот со името, што е еден од условите за членство во НАТО и посочуваат дека Грција инсистира на разговори за подобрување на климата, а не се фокусира на конкретни проблеми.

„Сметаме дека можеме многу повеќе да направиме доколку пристапот во дијалогот ни е концентриран на резултати, односно што сакаме да постигнеме. Во овој момент, сите оние средби што се одвиваат на билатерално ниво со Грција, се повеќе фокусирани на форма, а немаат многу суштина“, велат во МНР.

Тие се надеваат дека евентуалната посета на посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на Македонија и Грција може да се искористи за да се добие некаква динамика, зашто во спротивно би останале на „контакти и разговори кои не водат кон надминување на клучната препрека“

Македонските дипломати посочуваат дека Грција не дава сигнали дека има намера да го смени ставот, но во ситуација кога одбегнува да влезе во суштински разговори земјава се труди да ги убеди партнерите дека од членството на Македонија во НАТО сите ќе имаат корист.

„Сите имаме придобивка од тоа што Македонија ќе стане земја-членка на НАТО, апсолутно сите без никаков исклучок, вклучително и Грција. Силен аспект е тоа што ако ние влеземе во НАТО, Грција ќе се граничи само со членки на НАТО“, велат во МНР.

Тие нагласуваат дека целите на Македонија остануваат исти, членство во НАТО и ЕУ.

Во опозицискиот СДСМ, пак, велат дека опозицијата е исклучена од клучното прашање од национален интерес.

„Најповиканиот да ги одбрани националните интереси, на четири месеци пред Самитот во Чикаго, ни соопшти дека Македонија нема никакви шанси. СДСМ може само со жалење да констатира дека продолжува една политика на оваа влада која на државата не и нуди ништо ново и не нуди прогрес во евроатлантските структури“, вели Андреј Петров од СДСМ.

Надеж дека во Чикаго ќе се разговара и за Македонија
Банер

macedonia-in-nato-Banner

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish

egotvac-baner

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга