Понеделник, 06 Февруари 2012 17:17
Гордан Георгиев пред секое следно прозивање на ВМРО-ДПМНЕ треба да се заврти околу себе и прво да постави прашање до своите партиски шефови- кои се луѓето од СДСМ кои нарачувале меѓуетнички тензии, вели Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.
“Господинот Гордан Георгиев не одговори ништо во емисијата кога беа упатени директните прозивки до СДСМ за нивна вмешаност во креирањето на меѓуетнички тензии.Остана затекнат и закопан. Не знаеше што да одговори. Да беше сигурен во себе и во чесноста на СДСМ веруваме дека немаше да ја пропушти шансата да демантира, ниту пак ќе дозволеше јавноста да дознае директно и недвосмислено дека СДСМ иницирал, потпомагал и креирал меѓуетнички тензии“, рече Димовски.
Димовски вели дека дури по пет дена “без ниту еден аргумент Георгиев се обидува да ја испере СДСМ од овој сериозен и нималку наивен скандал“.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() VAR | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||