Понеделник, 06 Февруари 2012 17:08
Во Скопје наставата во основните и средните училишта се одвива нормално, но на територијата на Македонија голем број училишта или ги затворија вратите чекајќи подобрување на временските услови или работат со скратена настава. Без настава останаа и сите основни и средни во училишта во Тетово.
Градоначалникот Сади Беџети ја донесе одлука поради тешкотиите кои ги предизвика снегот но и поради најавите за пообилни врнежи.
И тетовскиот регион е целосно прекинат со одржување на настава освен во општините Боговиње, Јегуновце и Брвеница каде наставата се одвива редовно.
Второто полугодие воопшто незапочна во основното училиште Христијан Тодоровски-Карпош во Герман, општина Ранковце кај Крива Паланка.
Поради новиот снег и ниските температури, во основните училишта и гимназијата во Дебар наставата се одвива со скратени часови, а во Центар Жупа е целосно прекината. Утре нема да работат ни училиштата во Маврово- Ростуше, Врапчиште и Гостивар. Струшките средните училишта работат со скратени часови од пет минути.
Со една недела пауза се затворени училиштата во Делчево. А од Прилепскиот регион настава не се одржува во Демир Капија како и во општините Чашка и Богомила.
Настава нема ни во Демир Капија, Василево, Македонска Каменица, Струмица, Штип, Кичево, Врапчиште, Валандово, Желино и Зајас.
Министерството за образование токму поради временските предвидувања препорача локалните самоуправи да ја организираат наставата, сепак оние училишта кои ги затворија училишните врати, ќе треба да ги одработат изгубените денови.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() VAR | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||