Понеделник, 06 Февруари 2012 13:01
Вчера јавноста имаше прилика повторно да го слушне најголемиот манипулатор и врвен лицемер Никола Груевски.
Тој по којзнае кој пат однесувајќи се како да не е од овде, одлучи повторно да ја мати водата и изјави дека “меѓуетничките инциденти ги прават партиски мотивирани лица од опозицијата“.
Кажа на денешната прес конференција Гордан Георгиев.
Политичарот кој на економски план ја направи Македонија светски шампион во мизерија, на надворешно политички план ја доведе Македонија на дното, сега му текна да ги решава и меѓуетничките односи.
И повторно, по веќе видениот рецепт, си измисли имагинарен непријател. Замислете ја фразата на Никола Груевски, “поединци во опозицијата“, кажано со невидена леснотија без никаква одговорност.
Епа премиере Груевски, претеравте! Ова нема да дозволиме да Ви помине туку така!
Има точно и прецизно јавно да соопштите на кого мислевте вчера, на поединци во СДСМ, во ДПА, ВМРО НАРОДНА, ОМ, ЛДП, НСДП, НДП или некој друг во опозицијата?
Еве само три примери за меѓуетнички тензии каде ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се главни актери и иницијатори.
Пред точно една година се случи инцидентот на скопското Кале каде заменик министерот на МВР вадеше лисици и ги ослободуваше уапсените. Тогаш ДПМНЕ преку ден градеше, а ДУИ навечер рушеше.
Пред пет месеци пропадна пописот со сериозни обвинувања од Никола Груевски дека се случил фалсификат.
Се случија инцидентите во Струга каде на двете спротивставени страни стојат градоначалниците Рамиз Мерко од ДУИ и Перо Илиевски од ВМРО ДПМНЕ.
За сите три примери заклучокот е ист. Груевски се уште ги бара виновниците. И после 12 месеци нема одговорни за инцидентот на Калето, и после пет месеци ги нема фалсификаторите на пописот и после две недели ги нема вандалите од Струшко.
Вчера, македонскиот премиер лажно ја обвини опозицијата заради неговата дневно политичка агенда.
Никола Груевски, ќе Ве прозиваме секој ден јавно да соопштите кои се тие поединци во опозицијата кои според Вас предизвикувале инциденти? Додека не ги извадите на виделина нема да Ве оставиме на раат!
Во спротивно ќе останете единствениот осомничен за неодамнешните меѓуетнички инциденти исто како за пописот и инцидентите на скопското Кале.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() VAR | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||