


Понеделник, 06 Февруари 2012 07:37
Македонија
Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Фатмир Бесими денеска ќе престојува во работна посета на Белград. Предвидено е Бесими да се сретне со српскиот министер за одбрана Драган Шутановац и со началникот на Генералштабот на Армијата на Србија, генерал потполковник Љубиша Диковиќ.
Престојот во Белград, Бесими ќе го заокружи со посета на ЈП „Југоимпорт-СДПР“, коe е во државна сопственост и се занимава со трговија со оружје, одбранбена опрема и трансфер на технологии.
