Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение до јавноста информира дека ВМРО-Обединета денес престанува да постои и комплетното членство преминува во редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-Ве известуваме дека врз основа на одлука на партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Обединета, од денес политичката партија ВМРО-Обединета престанува да постои и комплетно преминува во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од владејачката партија.
Како што се нагласува во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде столб на прогресивните сили во Македонија.
-Бројот на поединци и политички партии кои се приклучуваат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден станува се поголем. Тоа е потврда дека трудот, реформите и ангажираноста кои се вложуваат е се повеќе прифатен од граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението.
| < Пред | Следно > |
|---|
Skopje, Macedonia | |||||||
![]() |
| ||||||
| ![]() ESE | ||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
| |||||||