MKDNews.com

Владата да прогласи Ден на жалост, знамето да се спушти на половина копје, телевизиите да истакнат црна лента

Владата да прогласи Ден на жалост, знамето да се спушти на половина копје, телевизиите да истакнат црна лента
ноември 17
08:43 2020

Македонија досега изгуби вкупно 1.345 луѓе. Денескa е трагичен датум, во еден ден згаснаа 40 животи на наши сограѓани, соседи, нечии родители, браќа, сестри, сопружници, баби и дедовци, напиша на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Владата, согласно чл.8 од Законот за Влада, треба утрешниот ден, 17-ти ноември, кога дел од роднините ќе се простат од нивните најблиски, да го прогласи за ДЕН НА ЖАЛОСТ, а утре точно напладне државното знаме на Македонија да се спушти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други државни и јавни институции.

 

Истовремено, да се даде обврска на телевизиите со национална фрекфенција да истакнат црна лента на екраните како знак на соодветно одбележување на Денот на жалост и оддавање почит кон загубените животи на нашите сограѓани и тагата на нивните семејства“, напиша Милошоски.

 

 

 

Црн рекорд: Починати се 40 лица од ковид-19

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време