MKDNews.com

Македонија има рок до петок да попушти

Македонија има рок до петок да попушти
ноември 11
07:12 2020

Бугарија ја префрли топката на Македонија по разговорите во Софија.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов порача дека сега се е во рацете на властите во Скопје по неколкучасовните средби на делегации на Македонија и Бугарија, предводени од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.
Тој вели дека Бугарија само ги врачила своите барања и дала рок до петок. Каракачанов тврди дека бугарската страна не отстапила на никаков начин од своите позиции.

„Им објаснивме на нашите колеги од Македонија дека не можеме да направиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарските херои и со идентитетот на целиот нејзин народ, кој е дел од општата историја.

Од тука натаму се е во рацете на колегите во Скопје. Макар и неколку денови до крајот на процесот, до петок, брзо да корегираат се што пропуштиле во моментот. И да видиме дали тоа е доволно да почнат преговори со ЕУ“, изјави Каракачанов.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време