MKDNews.com

Хашим Тачи поднесе оставка по обвинението за воени злосторства

Хашим Тачи поднесе оставка по обвинението за воени злосторства
ноември 05
19:45 2020

По оставката од претседателската функција Хашим Тачи се предаде на Еулекс. Во просториите на мисијaта се наоѓа и Кадри Весели, кој објави дека е поднесено обвинение и против него јавуваат дел од косовските медиуми.

Според овие медиуми судот има 116 сведоци на злосторство. Специјалниот суд во Хаг го потврди обвинението против Хашим Тачи, а тој го потврди тоа на прес-конференција во Приштина и соопшти дека се повлекува од функцијата претседател.

Со порака на социјалните мрежи се огласи и синот на сега веќе поранешниот претседател на Косово Ендрит Тачи кој наведува:

„Татко ми ја доби битката за слобода. И ние сме слободни. Тој исто така ја водеше битката за републиката. И станавме држава и ќе останеме. Тој сега ќе ја води битката за правда. Затоа што татко ми, неговите соборци и целата војна беа во право. Ќе ми недостигаш многу, но ќе го славам секој ден со насмевка и високо крената глава заедно со мајка ми, нашето семејство, пријателите. Нетрпеливо ќе чекам, иако наскоро ќе се вратиш дома“.

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај го свика раководството на партијата на вонреден состанок по оставката на претседателот Хашим Тачи.

На состанокот членовите на Алијансата побараа итно да се запре дијалогот со Србија, како и да се свика итен состанок на Советот за безбедност на Косово.

Пред два месеци повикан да даде исказ беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тогаш во јавноста се отвори прашање во кое својство е повикан иако неговите тврдења беа дека се јавува во својство на сведок.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време