MKDNews.com

Еден за сите, сите за еден. Да живее Македонија!

Еден за сите, сите за еден. Да живее Македонија!
ноември 11
07:31 2020

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев со моќна порака на Инстаграм пред историското гостување во Грузија утре од 18 часот, меч од кој победникот ќе обезбеди деби на европските првенства.

„113 натпревари во повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи, радости, понижувања, многу убави и лоши работи поминав со тебе Македонијо…

Остана уште еден чекор до остварување на мојот сон, до остварување на сонот на моите колеги, на мојата фамилија, на цела нација. Во овие тешки времиња да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот да ни стане реалност. Еден за сите, сите за еден…

Да живее Македонија“, порача најдобриот стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација со 35 гола.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време