MKDNews.com

Протести во Бугарија, се бара оставка на владата

Протести во Бугарија, се бара оставка на владата
јули 19
09:58 2020

Десетти ден по ред, во Софија и другите градови низ Бугарија синоќа се одржаа антивладини протести.

Учесниците во протестот повторно побараа оставка од Владата и Јавниот обвинител и распуштање на Парламентот.

Началникот на полицијата во Софија, Радослав Стојнев, претходно во текот на денот, рече дека  седум лица се приведени за време на протестите во петокот.

 Тој додаде дека немало нарушувања на јавниот ред и дека за време на протестите не биле забележани групи на провокатори.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата ги повика министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да поднесат оставки поради протестите низ целата земја против корупција.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар