MKDNews.com

Почина првиот доктор од коронавирус во Македонија

Почина првиот доктор од коронавирус во Македонија
јули 06
06:18 2020

Прв лекар жртва на коронавирус. Од компликациите кои настанале од вирусот во Градската општа болница „8 Септември“ почина доктор Арификмет Деари, уролог од Тетово. Министерот за здравство Венко Филипче утрово објави дека Деари бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, но бил и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување денеска починал во болницата.

Доктор Деари, кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на коронавирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоколите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани“, напиша Филипче

Засега од Уролошкото одделение нема информации дали и колку има позитивни на Ковид 19 од контакти со докторот и колку биле ставени во изолација. Лекарите од самиот почеток на пандемијата се во првите борбени редови борејќи се за здравјето на граѓаните. Медициснкиот персонал е преморен и се на крај на силите. Здравствените работници  од  болницата апелираат до надлежните за побрзо решавање на проблемот, за да не дојде до колапс на здравстениот систем во единствената болница во која се лекуваат најтешко болните со Ковид-19.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар