MKDNews.com

Марш за демократија со странски симболи и албанска химна

Марш за демократија со странски симболи и албанска химна
јули 28
07:53 2020

Изборите на 15 јули се најнедемократските избори во Македонија и Европската Унија треба да ја осуди злоупотребата на правото на глас – овој став и две клучни барања беа суштината на протестот кој синоќа во Скопје го одржа коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Oд таканаречениот „Марш за демократија“ произлегоа барања до земјите членки да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик. Маршот беше мирен но масовен. Имаше скандирања, но и непочитување на препорачаната социјална дистанца. дел од учесниците не носеа заштитни маски. Главен декор беа албанските знамиња, ама имаше и знамиња на САД.

Во Коалцијата која ја предводат лидерите на овие две партии Зијадин Села и Африм Гаши сметаат дека ДУИ не е победник на овие избори, туку, како што велат, е арамија на албанската политичка волја.

„Може да ја има легалноста според Државна изборна комисија, но никогаш нема да има легитимност за застапување на албанскиот народ во Северна Македонија. Ако сме земја која има за цел европска интеграција, слободата и демократијата треба да бидат клучен збор за оваа интеграција. Бараме од земјите на Европската унија, да се осуди злоупотребата на правото на глас и да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците во Северна Македонија, како и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик за идните избори, порачаа од собирот

Се тврди дека манипулацијата со волјата на албанските гласачи, што веќе се случувало на неколку изборни циклуси и која како што реакоа беше брутално истакната особено на последните избори, е аларм да се реагира.

Според нив, купувањето гласови, рекетирањето гласачи, корупцијата, заплашувањето, узурпацијата на слободата на избор, гласањето за луѓе кои не се тука, злоупотребата на записници и други манипулации со правото на глас се сигнали дека албанското општество во Северна Македонија е заробено од каста мафијаши.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар