MKDNews.com

Kоронавирусот ќе остави траен белег врз светската економијa

Kоронавирусот ќе остави траен белег врз светската економијa
јули 27
07:56 2020

Kоронавирусот, најверојатно, ќе остави траен белег врз светската економија, донесувајќи трајни промени, но и важни лекции, проценува Си-Ен-Ен.

Следењето на вирусот веројатно ќе стане дел од нашите животи, како што се безбедносните мерки по нападите од 11 септември. Важно е, смета телевизијата, да се инвестира во потребната инфраструктура за откривање на идните вирусни епидемии. Оваа инвестиција ќе ја заштити економијата во случај да се покаже дека заштитата од Ковид-19 е привремена.

Многу економии за време на пандемијата усвоија верзии за работа со скратено работно време. Како резултат на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владата го компензира недостатокот на плати. Работата на далечина ќе стане почеста и постојат докази дека работењето од дома е исто толку продуктивно како и работењето во канцеларија.

Кризата предизвикана од пандемијата го забрза темпото на дигитална трансформација со натамошно проширување на е-трговијата и побрзо усвојување на телемедицината, видео конференции, учење преку Интернет, се наведува во текстот на телевиизјата.

Од друга страна, компаниите во меѓународниот синџир за снабдување се соочуваат со тешкотии. Веројатно многу од нив ќе ја сменат локацијата на нивно производство, а овој тренд нема да создаде нови работни места затоа што поголемиот дел од производството ќе биде автоматизирано.

Владите ќе бидат поголеми бидејќи играат улога на осигурител и последен инвеститор за време на кризата. Јавниот долг, како што се наведува, ќе се „надува“, создавајќи финансиски проблеми ширум светот.

Најважната лекција што може да се научи од пандемијата на Ковид-19 е важноста да се работи заедно за решавање на проблемите што влијаат врз целото човештво, се наведува во текстот на Си-Ен-Ен, и заклучува дека светот е многу посилен кога е пообединет отколку поделен.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар