MKDNews.com

Груби: Спремни сме за соработка со СДСМ, но само ако Насер Зибери е премиер

Груби: Спремни сме за соработка со СДСМ, но само ако Насер Зибери е премиер
јули 18
09:30 2020

Ние сме подготвени за соработка со СДСМ, но со Насер Зибери како премиер – рече Груби.

Логично, СДСМ има 46 пратеници, ДУИ има 15 пратеници, или вкупно 61 пратеник, а тоа е сосема доволно за да се избере Владата и да се избере претседател на Владата, рече Артан Груби од ДУИ во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

ДУИ е стабилен партнер. ДУИ не е авантуристичка партија којашто ги менува ставовите на секои три дена па да мора да се составува Влада на секои пет дена со други партнери.

Ние сме лојални кон граѓаните. Не сме тука за да предизвикаме институционална криза.

ДУИ е сериозен партнер и тоа многу добро го знаат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме подготвени за соработка со СДСМ, но со Насер Зибери како премиер – рече Груби.

Може и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да направат Влада, но прашање е колку тоа ќе опстои, нема логика за етнички чиста Влада, рече Груби.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар