MKDNews.com

Еден милион луѓе се заразија со ковид-19 за 4 дена

Еден милион луѓе се заразија со ковид-19 за 4 дена
јули 18
09:40 2020

За првпат, бројот на заразени со новиот коронавирус во светот се зголеми за еден милион за помалку од 100 часа, јавија западни медиуми врз основа на официјални податоци.

Вкупниот број потврдени заразени во светот надмина 14 милиони (14.194.140).

Првиот случај беше пријавен во Кина на почетокот на јануари и беа потребни три месеци да се премине прагот од еден милион.

Зголемувањето на бројот на заразени од 13 на 14 милиони траеше само четири дена.

Светската здравствена организација синоќа објави рекордно зголемување на новите инфекции со коронавирус за еден ден од над 237 илјади. За 24-часовен период, 237.743 случаи биле потврдени на глобално ниво.

Претходниот рекорд – 230.370 нови инфекции датира од 12 јули.

Најголемо зголемување во изминатите 24 часа е регистрирано во САД, Бразил и Република Јужна Африка.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар