MKDNews.com

Анкета на Брима Галуп: Драматична предност на СДСМ пред ВМРО ДПМНЕ

Анкета на Брима Галуп: Драматична предност на СДСМ пред ВМРО ДПМНЕ
јули 06
06:32 2020

Анкетата на Брима Галуп на 10-тина дена пред изборите покажува дека СДСМ е водечка партија согласно поддршката на граѓаните. На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за оваа партија. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните.

Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Следува ДУИ со 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на Коалицијата предводена од Зоран Заев. Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6,

– Во однос на политичарите за најпопуларен во анкетата на Брима Галуп, со убедливо најголема доверба од граѓаните останува лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кого 9,4% од граѓаните се изјасниле како за политичар во кој имаат најголема доверба. На второ место, зад него, е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кого најголема доверба имаат 4.2% од граѓаните. На трето место, зад лидерите на двете најголеми партии, се наоѓа министерот за здравство Венко Филипче со поддршка од 3,8%,а веднаш зад него со 3,5% се наоѓа претседателот на државата Стево Пендаровски. Потоа следуваат лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села со поддршка од 2,9% додека речиси изедначен со него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети со поддршка од 2,8%. На листата понатаму се и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со поддршка од 2,4%, Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со поддршка од 1,3%,

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар