MKDNews.com

Вучиќ ја задржува власта во Србија

Вучиќ ја задржува власта во Србија
јуни 22
07:18 2020

Српската напредна партија на Александар Вучиќ синоќа освои повеќе од 60 проценти од гласовите на парламентарните, регионалните и локални избори во Србија без реално учество на опозицијата. 

Врз основа на индикаторите на набљудувачите, коалицијата на Вучиќ „За нашите деца“ ќе има 189 пратеници, од можни 240, а коалициониот партнер СПС-ЈС на Ивица Дачиќ и Драган Марковиќ Палма има 32 пратеници.

Единствен кој го пројде потребниот цензус, а при тоа не е владеачка партија, односно коалиција, е Победа за Србија на Александар Шапиќ со 12 пратеници, како и партиите на националните малцинства кои ќе имаат свои претставници во републичкиот парламент.  Сепак, дури и Шапиќ пред новинарите синоќа рече дека е подготвен да коалицира со некоја од партиите во парламентот.

Лидерот на СНС, Александар Вушиќ, во своето прво обраќање рече дека СНС постигнала апсолутно рекорден резултат , но и дека добиле предупредување од луѓето дека мора да бидат уште поодговорни и вредни.

Во Србија во неделата се одржаа редовни парламентарни, покраински и локални избори, во околности на епидемијата на вирусот корона, која сè уште трае. Опозицијата искоментира дека пораз за Вучиќ е тоа што на гласање излезгле помалку од 50 проценти од гласачкото тело на Србија.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар