MKDNews.com

Владата пред завршување на вонредната состојба донесе одлука за изборното рекламирање

Владата пред завршување на вонредната состојба донесе одлука за изборното рекламирање
јуни 24
07:26 2020

Владата донесе измени на Уредбата со која интервенираше во правилата за платено политичко рекламирање за политичките партии.
Откако АВМУ толкуваше дека БЕСА не може да се смета како опозициската партија, со оглед дека е во предизборна коалиција со СДСМ, сега владата донесе измени на законот со кои, доколку едната од најголемите политички партии во опозиција не е подносител на листа, најголемата политичка партија од опозиција која е подносител на листа не може да користи повеќе од половина од времето определно за опозицијата, односно 3 минути во реален час.

Од владата велат дека се одлучи на овој потег за да не се фаворизира никоја од партиите.

-Со буџетски средства АВМУ предложи ВМРО – ДПМНЕ да добие двојно повеќе медиумски простор, отколку владејачките партии. -Ова е уредба со законска исла и мислам од аспект на медиумското претставување граѓаните ќе имаат шанса да бидат претставени политичките партии, вкупното време за платена политичка програма се зголеми, но апсолутно не може да се дозволи со парите на граѓаните некој да демонстрира политичко самоволие и да фаворизира одредена политичка партија, рече Манчевски.

-Кај медиумскиот простор не се работи за кратење, туку напротив го зголемиве бројот на часови за платено политичко рекламирање на 15 часа на ден. Со Уредбата на Владата само се додефинирани условите и начинот на кој политичките субјекти можат да го закупат тоа време за фер претставување, изјави Поповски.

Министрите Манчевски и Поповски денеска презентираа две електронски алатки. Манчевски платформа преку која вработените во јавниот сектор можат анонимно да пријават ако некој им врши притисок за време на кампања.

Министерто Поповски пак, ја претстави надградбата на страницата за финансиска транспарентност на Владата за сите трошења поврзани со КОВИД-19.

Инаку, со владината уредба е превдидено од утре до 12 јули политичкото рекламирање на телевизиите да се емитува во 15 часа од дневната програма..

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар