MKDNews.com

СЗО бара поголемо производство на „Дексаметазон“

СЗО бара поголемо производство на „Дексаметазон“
јуни 23
08:38 2020

Светската здравствена организација   повика да се зголеми производството на Дексаметазон, откако британските научници објавија дека тој стероид значително ја намалува смртноста кај пациенти со тежок облик на ковид-19.

– Се соочуваме со нови предизвици: зголемување на производството и брза и правична дистрибуција на Дексаметазон ширум светот, фокусирајќи се на тоа каде е најпотребно – нагласи генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– За среќа, тоа е ефтин лек произведен од многу фабрики ширум светот што, сигурни сме дека може да го забрзаат производството – додаде тој.

Првите резултати од британското клиничко испитување „Recovery“ објавено минатата недела покажуваат дека Дексаметазонот ја намалува смртноста за третина кај пациенти со најтешка форма на болеста.

– Дексаметазон треба да се користи само кај пациенти со Ковид-19 кои се во тешка и критична состојба, со строг клинички надзор – предупреди тој.

– Нема докази дека тој лек е ефикасен кај пациенти со лесна форма на болеста и при превенција, дури и може да биде штетен – посочи тој.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар