MKDNews.com

Потребни само 110 луѓе за изградба на самостојна колонија на Марс

Потребни само 110 луѓе за изградба на самостојна колонија на Марс
јуни 23
09:38 2020

Научниците откриваат дека се потребни само 110 луѓе за изградба на самостојна колонија на Марс.

Истражувањето на професорот Жан-Марк Салоти од Институтот за политехника во Бордо, Франција, користел математички модел за да пресмета колку луѓе би биле потребни за да се создаде општество што може да продолжи да ги произведува ресурсите неопходни за живеење. Одговорот е 110 луѓе.

Во неговиот труд се дискутира за тоа како малата заедница ќе мора да престојува во купола исполнета со кислород. Во внатрешноста на куполата луѓето ќе изградат своја земјоделска индустрија неопходна за одржување на животот на планетата. Целосните откритија на овој труд беа објавени во списанието „Сајентифик рипортс“ на 16 јуни 2020 година.

Истражувачкиот труд доаѓа откако милијардерот Илон Маск објави дека ќе инвестира во својата „Спејс Екс“ програма, со надеж дека еден ден ќе може да се колонизира Марс.

Користејќи математички модел, професорот Салоти успеа да најде број за утврдување на изводливоста на опстанок на друга планета. Како што вели, најголемите проблеми биле изводливоста на опстанокот на друга планета и како да се биде самоодржлив.

Тој објаснува дека тие фактори се клучни за идните вселенски експедиции и можеби за иднината на човештвото во целина. Во својот математички модел тој го одредува минималниот број на жители на друга планета.

Како што објаснува Салоти, математичкиот модел се засновал на односот помеѓу потребното време за имплементирање на човечките активности неопходни за долгорочен опстанок и достапното време на патниците.

Според него, за воспоставување опстанок на Марс, главните проблеми се организацијата на доселениците и инженерските проблеми. Освен тоа, опстанокот ќе зависи од пристапот на колонијата до природни ресурси.

Во истражувањето тој додал и ситуации и претпоставки во кои не би била можна поддршка од Земјата поради разни причини, на пример, војна. Исто така, предвидел и околности каде што ресурсите би биле сиромашни или ако доселениците одеднаш прогласат независна марсовска република.

Салоти вели дека ако овој релативно мал број се покаже како точен, шансите за преживување на друга планета може да се помалку комплицирани од очекуваното. Сè додека организацијата на доселениците е добра, би можел да се постигне опстанок на Марс.

Извор: Sciencetimes.com

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време