MKDNews.com

Почина режисерот на два филма за ,,Бетмен”

Почина режисерот на два филма за ,,Бетмен”
јуни 23
09:29 2020

Холивудскиот режисер , Џоел Шумахер почина вчера утрото во Њујорк, откако се бореше со карциномот, пишува Вeрајети. Тој имал 80 години.

Режисерот, најпознат по филмовите Оган на Свети Елмо, Изгубени момчиња и Тенка линија на смртта, адаптирал два романи на Џон Гришам, Клиентот во 1994 година и Време да се убие во 1996 година, остана најпознат според двата филма за Бетмен.

Тој ги режирал ,,Бетмен засекогаш” во 1995 година и ,,Бетмен и Робин” две години подоцна.

За ,,Фантомот на операта” во 2004 година, тој добил три номинации за Оскар.

Шумахер сакал да се занимава со мода пред неговата филмска кариера. Студирал дизајн во Њујорк, но наскоро сфатил дека неговата страст е филмот, па се преселил во Лос Анџелес, каде работел како костимограф на Вуди Ален.

Тој напишал и неколку сценарија пред да го направи своето научно- фантастично деби во 1981 година со комедијата „Неверојатното намалување на жената“.

Тој бил отворено геј во текот на неговата кариера во Холивуд. Во интервјуто во 2019 година за Њујорк магазин кога го прашале колку луѓе спиеле со него, тој рекол дека тоа би било помеѓу 10.000 и 20.000.

Шумахер предизвика многу полемики кај обожавателите на Бетмен кога во филмот ,,Бетмен засекогаш’додаде брадавици на неговиот костум. Тој контроверзен потег го бранеше Шумахер со години, па дури и се шегувал дека ќе биде познат по тоа засекогаш.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време