MKDNews.com

Почина млад македонски фолк пејач

Почина млад македонски фолк пејач
јуни 12
07:53 2020

Неочекувано почина младиот македонски фолк пејач Емрах Мехмеди од Жировница, роден на 9 август 1990 година во Дебар. Завршил факултет за музичка уметност во Скопје.

Како што се дознава, Емрах животот го изгубил во несреќен случај, паѓајки од скеле.

Емрах важеше за млад и надежен македонски пејач, имаше големи планови во неговата кариера кои за жал останаа нереализирани. Зад него остави два малолетни сина и сопругата.

Го негуваше македонскиот мелос на дебарско-реканскиот крај. Ќе останат запаметени и долго пеани неговите “Жировницо“, “Кога тргнав на печалба“, “Млад сунетлија“, и уште многу песни во кои ќе недостига неговата изведба.

Со болка и тага од него се простуваат македонската фолк естрада и бројните пријатели во Македонија и светот.

Искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите за прераната смрт на Емрах.

Бог да го прости и нека му дарува место во царството небесно каде што почиваат праведниците. Почивај во мир Емрахе…

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време