MKDNews.com

Заев за Сител: Избори треба да се одржат во првиот можен момент, сега, кога излегуваме од здравствената криза

Заев за Сител: Избори треба да се одржат во првиот можен момент, сега, кога излегуваме од здравствената криза
мај 17
20:43 2020

Избори треба да се одржат во првиот можен момент, сега кога, како што препорачуваат здравствените власти, излегуваме од кризата, истакна поранешниот премиер и претседателот на СДСМ Зоран Заев, во разговор за Сител телевизија.

Тој додаде дека изборите треба да се одржат во првиот можен момент, бидејќи во лето ќе се отворат границите, а наесен ќе работат училиштата, колективните објекти и тогаш, ризикот од зараза е многу поголем.

Во врска со датумот за одржување на изборите, претседателот Заев изрази очекување дека ќе биде постигнат консензус со опозицијата.

– Нема ултиматуми за датумот на изборите, треба да се оди на избори во првиот пригоден момнет. Да бидеме разумни и одговорни, треба да научиме да живееме со кризата, додека не се најде вакцина и треба да бидеме разумни и да ги вратиме во функција институциите како парламентот, политичката Влада сите тие институции кои им се потребни на среден и на долг рок на граѓаните и на економијата, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар