MKDNews.com

Заев: За новозаболените дирекно е виновен Чулев

Заев: За  новозаболените дирекно е виновен  Чулев
мај 29
17:18 2020

Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, објави на својот фејсбук профил лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се казнуваат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, посочува Заев, Чулев директно поттикна непочитување и прекршување на рестриктивните мерки и задолженија.

– Јавноста во бројни наврати беше сведок на масовни прекршувања на забраната за движење, забраната за групирање, непочитување на задолжително носење заштита опрема, а полицијата предводена од Чулев не преземаше ништо. Чулев и Мицкоски немаат никаква почит ниту кон здравствените работници, ниту кон експертите од Комисијата за заразни болести. Наместо да ја поддржат работата на Комисијата, тие бараат нејзино разрешување и со тоа истураат партиски бои врз епидемиологијата и сакаат да ги остават граѓаните на цедило, вели Заев.

Според Заев, денеска стигнува сметката од таквото несовесно, незрело и неодговорно однесување на Чулев кој по диктат на Мицкоски не презема ништо за да се санкционираат оние кои не ги почитуваат мерките и задолженијата.

– Мицкоски и Чулев се олицетворение на неодговорноста кои се водат од позицијата “колку им е полошо на граѓаните, толку е подобро за нивната партија”. Таквото антинародно и антидржавно однесување мора да запре, Чулев мора веднаш да поднесе оставка затоа што свесно го загрозува јавното здравје и свесно поттикнува незаконско постапување, објави лидерот на СДСМ на својот фејсбук профил.

Македонската полиција и македонските граѓани, посочува Заев, треба час поскоро да се ослободат од неодговорното однесување на Наќе Чулев.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар