MKDNews.com

Влегол во кафез во зоолошка и сакал да ја удави мечката (видео)

Влегол во кафез во зоолошка и сакал да ја удави мечката (видео)
мај 24
20:14 2020

Пијан Полјак се обидел да удави мечка во зоолошката градина во Варшава откако провалил во кафезот.

Откако 23-годишниот маж се пробил во кафезот на мечката Сабина и таа го забележала, тој во паника скокнал во водата, а наскоро и таа тргнала по него.

Потоа се гледа како мечката ја натопила главата во водата, пред шокираните посетители на зоолошката градина што неодамна ги отвори вратите откако се смири пандемијата со коронавирус.
Мажот на крајот успеал да избега со ситни рани и е пренесен во болница.

Портпаролот на зоолошката градина соопшти дека мечката не е повредена, но е под стрес.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар