MKDNews.com

Унгарија ја укинува вонредната состојба на 20. јуни

Унгарија ја укинува вонредната состојба на 20. јуни
мај 26
21:14 2020

Унгарија планира да ја укине вонредната состојба поради епидемијата на коронавирус на 20 јуни, изјави денеска министерот за правда, Јуит Варга.

Виктор Орбан ги презеде овластувањата без временски рок со парламентарно гласање во кое неговата партија има двотретинско мнозинство, предизвикувајќи критики од Европската унија за девијацијата на демократијата.

Орбан порано рече дека парламентот може да ги отповика специјалните овластувања во кое било време, за кои што рече дека се неопходни за да се запре ширењето на пандемијата на коронавирус и нејзините економски последици.

На прашањето дали тоа значи дека специјалните овластувања ќе завршат на 20 јуни кога ќе се укине вонредната состојба наметната како резултат на кризата, владиниот портпарол Золтан Ковач рече дека „по дефиниција двете ќе одат рака под рака“.

Министерот Варга, најавувајќи го 20 јуни како датум за укинување на вонредната состојба, ги опиша меѓународните критики како „неосновани напади“. „Очекуваме нашите критичари да се извинат за водење валкана кампања наместо да соработуваат во одбраната против коронавирусот“, додаде.

Парламентот, во кој доминира партијата „Фидес“ на Орбан, требаше да гласа за укинување на вонредните овластувања во наредните недели.

Унгарија има пријавено вкупно 3.771 случаи на коронавирус и 499 смртни случаи, релативно мал број во споредба со другите земји од ЕУ заради раниот и строг карантин, што владата постепено го олеснува од почетокот на мај.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар