Директорот Тедрос Аданом Гебериесус на онлајн конференцијата за новинари изјави дека денес, врз основа на напис во научното списание „Лансет“,е решено привремено да се паузира истражувањето на лекот во пилот студијата која што се занимава со болеста предизвикана од коронавирус.

Другите елементи на студијата продолжуваат, додаде тој.

Во текстот во Лансет објавен минатата недела се вели дека луѓето кои земаат хидроксихлороин имаат поголем ризик од смрт и срцеви проблеми отколку оние кои не го земаат.

„Оваа загриженост се однесува на употреба на хидроксихлорокин и хлорохин за третман на ковид-19“, рече тој, додавајќи дека овие лекови сè уште се прифатливи за третман на маларија или автоимуни заболувања.

Другите третмани против коронавирус  вклучуваат ремедивир и комбинирана терапија за ХИВ.

Хидроксихлорокин може да има сериозни несакани ефекти кај некои пациенти, а во моментов нема докази дека помага против коронавирусот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно изјави дека го зема лекот за да ја спречи инфекцијата, иако неговиот антиинфективен ефект не е докажан.