MKDNews.com

Спасовски: Барањето на Наќе Чулев не може да се поврзе со наградите во здравството

Спасовски: Барањето на Наќе Чулев не може да се поврзе со наградите во здравството
мај 22
19:36 2020

Оливер Спасовски денеска на прием на донација на респираторите во Министерството за здравство не ги нападна полицијците кои сè поретко ги има да ги контролираат и казнуваат граѓаните кои не ги почитуваат мерките за забрана на собирање и оние кои не носат маски, но го нападна нивниот претпоставен, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, зашто како што кажа Спасовски, полицијата работи по наредба.

„Ние секој ден разговараме на Главниот штаб и на Владина седница во однос на почитувањето на мерките. Полицијата работи по наредба, и затоа мора сите тие наредби да ги почитуваат и за тоа да постои контрола. Кога зборувам за контрола, зборувам за сѐ. И да се контролирате себеси и да ги контролирате другите. Ако немаме контрола, во почитувањето на мерките, нема да имаме ниту резултати, ниту успеси. И затоа недозволено е министер да излезе на телевизија и да каже: ‘ јас нема да ги казнувам граѓаните’. Тоа упатува јасна порака дека полицајците треба да постапуваат спротивно на правилата и одлуките кои ги носиме“, го обвини Спасовски техничкиот министер Наќе Чулев дека ѝ кажува на полицијата да не си ја врши работата во битката со пандемијата на коронавирус.

Објави на социјалните мрежи, како и новинарски текстови прикажуваат ситуација на масовно неносење задолжителни маски во повеќе градови и села, како и општини во Скопје. Натаму, групирање на семејни и верски вечери на бескрајно долги маси, додека полицијата или ја нема, или на разглас ги моли граѓаните да ги почитувале владините мерки, или пак присутна е, но не казнува, исто како што рече нивниот министер Чулев. Тоа резултира со зголемен број на новозаболени од коронавирус, по една смирена состојба кога бројот на новозаболени беше едноцифрен.

И јас ги гледам секој ден, затоа мора полицијата да презема активности. Очигледно дека тука и политиката игра малку улога во овој период, меѓутоа, едноставно секој треба да носи и сопствена одговорност. И морална и секаков друг вид на одговорност, ако не почитува одлуки или законски норми“, рече Спасовски.

Досега се заразени 14 полицајци, а 103 се во самоизолација и сите се во добра здравствена состојба. Спасовски за ова кажа дека сериозност мора да има секаде.

„Зошто на пример во Клиниката за инфективни болести немаме ниеден заболен, а тие се најизложени на евентуална опасност? Затоа што ги почитуваат правилата, прописите, тоа што им се кажува. И за тоа постои контрола. Така што не само во полицијата, во секој еден сегмент мора да се почитуваат мерките и да има контрола на тоа дали се почитуваат мерките“, кажа Спасовски и најави скрининг и во полицијата.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар