MKDNews.com

Прогласена вонредна состојба во Минеаполис!

Прогласена вонредна состојба во Минеаполис!
мај 29
17:17 2020

Гувернерот Тим Валц прогласи вонредна состојба и распореди 500 припадници на националната гарда во најголемиот град Минеаполис, каде што трет ден по ред се случуваат насилни протести. Состојбата се наелектризира по  смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот додека бeше  приведуван од полицијата.Снимката на која се гледа како полицаецот со колено го притсиска Флојд  го заобиколи светот.

Братот на Флојд од властите побара правда .

,,Овие луѓе треба да бидат уапсени , обвинети за убиство и така ќе се задоволи правдата.Му го одземаа животот на брат ми,,

Одговорност и спроведување на полицаецот  побара и градоначалникот на Минеаполис Јакоб Фреи

,,Полицаецот што му го стави коленото на неговиот врат, на вратот на Џорџ Флојд треба да биде спроведен, и ги повикувам властите да го сторат тоа.

Протестите се проширија и на соседниот град Сент Пол, а ги имаше и во Чикаго, Лос Анџелес и Мемфис.

Демонстрантите ноќеска ја запалија полициската станица во Минеаполис во која што работеле четворицата полицајци кои учествуваа во приведувањето на Флојд. Тие во меѓувреме добија  отказ. Станицата претходно била евакуирана „во интерес на безбедноста на вработените“, кажа портпаролот на полицијата.

Протести во Минеаполис синоќа завршија со повеќе ограбени и запалени објекти .Вандализирани се разни објекти,околу железничката станица на Петта авенија, а демонстрантите превртуваа автомобили , а се случи  и пукање во јужниот дел на Минеаполис.

Полицијата во неколку случаи употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, но не употреби физичка сила и дозволи толпата да го изрази својот гнев.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар