MKDNews.com

Mожно ковид-19 никогаш да не исчезне

Mожно ковид-19 никогаш да не исчезне
мај 14
09:56 2020

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека ковид-19 можно е никогаш да не исчезне.

За време на прес-конференцијата во Женева, извршниот директор на програмата за итни случаи во СЗО, д-р Мајк Рајан, изјави дека не може да се направат предвидувања кога светот ќе се справи со вирусот.

– Важно е тоа прашање да се стави на маса: овој вирус може да стане уште еден ендемичен вирус во нашите заедници и можеби никогаш нема да исчезне. ХИВ сѐ уште е тука, но ние најдовме начин да живееме со вирусот – рече Рајан.

Тој додаде дека дури и по пронаоѓање на вакцината, контролирањето на новиот вид ќе бара огромен напор. Во моментот се во тек повеќе од 100 тестирања за добивање на адекватна вакцина.

Повеќе од четири милиони луѓе низ светот се заразени со ковид-19, а досега умреа повеќе од 300.000.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар