MKDNews.com

Крвна плазма донирале осуммина скопјани

Крвна плазма донирале осуммина скопјани
мај 22
19:41 2020

Крвната плазма е една од надежите на пациентите со коронавирус, затоа што содржи антитела што организмот ги создал за време на борбата против болеста. Конвалесцентната плазма е ,,злато” во услови на пандемија и може да спаси човечки животи.

Слободен печат денеска беше на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, каде напорно се работи за да се овозможи што поголем број на пациенти заразени со Ковид 19, а за кои има индикација, да имаат пристап до плазма. Но, ништо од ова не е возможно без дарителите, луѓето што ја прележале болеста, во крвта имаат антитела и сакаат да донираат крв.

 

 

Такви хумани граѓани, досега имало осуммина и сите се од Скопје. Од нив, двајца дарувале крв класично како редовни дарители. Веќе плазмата е аплицирана и на пациентите на кои што им е најмногу потребна. Во меѓувреме, се пријавиле и оздравени пациенти од Штип и од Прилеп, за да се испитаат дали можат да даруваат.

-Плазмата е дадена на околу десет пациенти и имаме повратен одговор дека пациентите се добри. Но, нам ни треба време за да се соберат поголем број донори на крвна плазма, повеќе да се аплицира, да се обработат податоците и тогаш да излеземе со официјални податоци каков бил ефектот на конвалесцентната плазма. Меѓутоа, засега резултатите се ветувачки и позитивни, вели доктор Елена Петковиќ, раководител на контрола на квалитет на Институтот.

Прочитајте повеќе  на  www.slobodenpecat.mk

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар