MKDNews.com

Италија се отвора за туристите на 3 јуни

Италија се отвора за туристите на 3 јуни
мај 17
09:44 2020

Италијанската влада на 3 јуни ќе ги отвори границите за туристите од Европската унија и ќе го укине задолжителниот карантин за странските посетители. Тие мeрки се донесени во петокот после состанокот на владaта, кој траел 10 часа, а ќе бидат применувани во согласност со одлуките на ЕУ.

Туризмот е една од главните гранки на италијанската економија и претставува околу 13% од бруто домашниот производ. „Отворањето на италијанските граници не само што е добро за туризмот туку е добро и за земјоделството затоа што ќе може да дојдат околу 150.000 сезонски работници од Романија, Полска и Бугарија“ вели земјоделскиот синдикат Koldireti.

Италијанците почнувајќи од 3 јуни ќе можат слободно да се движат по земјата без никакви ограничувања, освен во случај на повторна епидемија на корона вирусот, од кој во земјата умреа 32.000 луѓе.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар