MKDNews.com

Денес напладне лидерска средба кај Пендаровски

Денес напладне лидерска средба кај Пендаровски
мај 18
07:41 2020

Лидерска средба ќе се одржи напладне во Кабинетот на Претседателот во „Вила Водно“, соопштија од Кабинетот на претседателот СтевоПендаровски.

Како што е соопштено на средба се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

„На средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи“, стои во соопштението.

На средбата ќе учествува и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Во соопштението не се наведува темата на дневен ред, но се очекува да се разговара за организирање на предвремените парламентарни избори и евентуално утврдување на датумот за избори за кој партиите имаат различни ставови.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар