MKDNews.com

Бугарката со најголеми усни (фото)

Бугарката со најголеми усни (фото)
мај 06
20:54 2020

Девојка од Бугарија, која четирикратно ги зголемила усните, штотуку jа примила 20. доза на инјекција и инсистира дека ќе продолжи со тоа сè додека не ги има најголемите усни на светот.

Андреа Емилова Иванова (22) од Софија, потрошила илјадници евра во естетски клиники вбризгувајќи филери во својата уста, пренесува „Дејли мејл“.

Нарекувајќи се себеси „Барбика во реалниот живот“, последната инјекција ја добила минатиот вторник, а во текот на викендот споделила нова фотографија со своите 33.000 следбеници на Инстаграм.

Андреа, која со својата трансформација започнала во 2018 година, плаќа околу 155 евра за секој третман, но признава дека веќе се изгубила во пресметувањето колку вкупно пари потрошила во измнатите години.

Студентката по филозофија додава дека иако веројатно има едни од најголемите усни во светот, сепак, ќе продолжи да зема повеќе полнила сè додека не биде целосно задоволна од своите усни.

Иако некои лекари мислат дека ги зголемила доволно, Андреа вели дека сака тие да бидат уште поголеми.

– Докторот ми рече дека ќе ми даде повеќе инјекции, но морам да почекам барем уште два месеца – додала  таа.

Pic shows: Andrea Ivanova after changing her look.
BULGARIA: A 22-year-old student has shocked netizens with her dramatic transformation from a pretty brunette into a pouting Barbie doll after undergoing “over 15 procedures”.

Андреа, која пред операциите изгледала сосем поинаку, смета дека нејзините усни се прекрасни.

– Ги сакам моите усни. Не сум сигурна дали се најголеми во светот, но веројатно се едни од најголемите – заклучила Бугарката.

Андреа добива, како што вели, и позитивни и негативни коментари за изгледот на нејзините усни.

View this post on Instagram

#world #famous #lips 👄👄👄👄

A post shared by Andrea Ivanova (@andrea.andrea345) on

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар