MKDNews.com

Бред Пит излезе од карантин за да се сретне со познат рокер

Бред Пит излезе од карантин за да се сретне со познат рокер
мај 28
21:34 2020

56-годишниот актер-добитник на Оскар Бред Пит очигледно немал фризер за време на карантинот, за што сведочат и најновите фотографии направени во вторникот во Малибу.


Холивудската иконa има долга коса исчешлана и залижана  наназад, а видлив е и темниот тен.

Поранешниот сопруг на Анџелина Џоли го разгледуваше мотоциклот БМВ Р-1250 со долгогодишната пријателка Фли, басист на групата Red Hot Chili Peppers.

Бред Пит и Фли се пријатели уште од доцните 90-ти и честопати се дружеле во домот на Бред Пит во Лос Фелиз.

Двајцата пријатели имаат барем два заеднички интереси – дизајн на мебел и мотоцикли.

Тие се обврзани и со друга заедничка работа, односно личност: духовната исцелителка Сат Хари Калса. Бред и таа се виделе неколку пати заедно во градот, но се чини дека се само пријатели иако медиумите шпекулираат поинаку.

Бред Пит се дружи со многу жени откако пропадна бракот со Анџелина Џоли во 2016 година, но тој ниту една од нив не ја претстави како негова партнерка.

Извор:  www.dailymail.co.uk 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар