MKDNews.com

Уапсен маж во Црна Гора кој преку Вибер споделил список на заразени со коронавирус

Уапсен маж во Црна Гора кој преку Вибер споделил список на заразени со коронавирус
април 08
15:43 2020

Едно лице осомничено дека споделило список на болни преку Вибер е задржано во притвор 72 часа, јавија локалните медиуми.

М.Р. е осомничен дека како службено лице задолжено за податоци за болни од Ковид-19 го испратил списокот со податоци преку Вибер на други лица.

Во меѓувреме основен суд во Белград осуди на 19 месеци домашен затвор лице кое ги прекршило мерките за самоизолација.

Осудениот на 14 март влегол во Србија, а во понеделникот бил уапсен откако бил во аптека иако не смеел да излегува од дома. (МИА)

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време