MKDNews.com

Сателитски воз над Македонија

Сателитски воз над Македонија
април 18
22:49 2020

Сателитите веќе со месеци кружат околу Земјата и можат да се забележат со голо око.

Граѓаните на Македонија, како и во регионот овие денови забележаа необично движење на небото за кои се пишуваа разни приказни како НЛО, заговор против цивилизацијата и сл.

Имено, ова е сателитското соѕвездие на компанијата „SpaceX“, а има за цел да обезбеди сателитски пристап до интернет.

Американската компанија на 18 март лансирала пет групи од по 60 сателити кои во моментов се наоѓаат на висина од околу 280 километри над земјата и полека се доближуваат кон крајната дестинација, односно на висина од 550 километри каде веќе се наоѓаат претходно лансираните сателити.

Соѕвездието се состои од повеќе мали сателити во ниската орбита на земјата, кои работат во комбинација со копнени предаватели.

Проектот изнесува 10 милијарди американски долари, и започна во мај 2015 година, а во февруари 2018 година веќе беа лансирани првите два тест летови на сателитски прототипи.

Целта на компанијата е, во орбитата, да подигне околу 12.000 сателити.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар