MKDNews.com

Oн-лајн концерт: One World: Together at home

Oн-лајн концерт: One World: Together at home
април 18
17:48 2020

Лејди Гага организира он-лајн концерт наречен One World: Together at home, заедно со најголемите лица на музичката и шоубиз индустријата во моментов, а присуството го потврдија и легендарните Ролинг Стоунс.

Концертот ќе се одржи вечерва, во соработка со Светската здравствена организација и организацијата Citizen , со цел сите луѓе на светот да се чувствуваат заедно, да го надминат својот страв од иднината и да добијат надеж.

Концерот ќе почне во 20 часот и ќе трае до 02 часот по полноќ.

Меѓу оние што ќе настапат се: Селин Дион, Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Били Џо Амстронг од Грин Деј, Бурна Бој, Крис Мартин, Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, Идрис и Сабрина Елба, Џ. Балвин, Џон Леџенд, Кејси Масгрејвс , Кит Урбан, Кери Вашингтон, Ланг Ланг, Лицо, Малума., Пол Мекартни, Пријанка Чопра Џонас, Шах Рух Кан и Стиви Вондер.

Програмата ќе ја водат Џими Фалон, Џими Кимел и Стивен Колберт.

 

 

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар