MKDNews.com

Одложена е и деветтата трка на Формула 1 оваа сезона

Одложена е и деветтата трка на Формула 1 оваа сезона
април 08
08:23 2020

Големата награда на Канада во Формула 1, што требаше да се одржи во Монтреал на 14 јуни, е одложена поради пандемијата на коронавирус.

Организаторите најавија дека ја одложуваат трката на патеката Жил-Вилнев во консултација со градските власти и Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).

Гранд При на Канада веќе е деветта трка во Формула 1 оваа сезона што треба да се одложи, откажани се трките во Австралија, Монако, Бахреин, Кина, Виетнам, Холандија, Шпанија и Азербејџан.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар