MKDNews.com

Од денеска лекување на заболените од Ковид-19 со крвна плазма

Од денеска лекување на заболените од Ковид-19 со крвна плазма
април 28
08:08 2020

Од денеска почнува лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19, а во болницата „8 Септември“ ќе започне и лекувањето со озонотерапија, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека точната терапија за лекување на болните од овој вирус во светски рамки допрва ќе се утврдува и дека Македонија е дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдуваат еден од четирите начини со коишто оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап.

Инаку, Филипче иформира дека на денешната седница владата ќе го разгледува предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за првомајските празници да биде воведен полициски час сличен на оној за Велигденските празници. Тоа значи дека полицискиот час треба да почне вечерта в четврток до понеделник на утро, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар