MKDNews.com

Ниту Октоберфест во Минхен нема да се одржи

Ниту Октоберфест во Минхен нема да се одржи
април 16
21:12 2020

Октоберфест, најголемиот светски фестивал на пивото, најверојатно нема да се одржи оваа година поради пандемијата на коронавирус, изјави премиерот на Баварија.

Октоберфест собира околу шест милиони луѓе секоја година во Минхен со огромен број на туристи кои потоа се собираат за да пробаат голем број на пива, јадат колбаси и прават други традиционални обичаи што доаѓаат со фестивалот.

Премиерот на Баварија, Маркус Соудер, изјави денеска на прес конференција дека е многу скептичен во врска со организацијата на годинашното издание на фестивалот, кој инаку се одржува помеѓу 19 септември и 4 октомври.

Германија потврди дека ќе започне со ублажени мерки, но сите големи собири остануваат забранети до крајот на август.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар