MKDNews.com

YouTube ги забрани сите видеа на кои коронавирусот се поврзува со 5G технологија

YouTube ги забрани сите видеа на кои коронавирусот се поврзува со 5G технологија
април 08
12:37 2020

YouTube ги забрани сите видеа на коишто се промовираат теории на заговор кои го поврзуваат коронавирусот со 5G технологијата.

Како што пренесува BBC, YouTube отсега ќе ги брише сите видеа кои ќе го прекршат оваа правило. Претходниот чекор којшто го преземаа беше да не излегуваат ваквите видеа во секцијата „гледај следно“(watch next).

Оваа мерка е преземена по интервјуто на Дејвид Ајк кое беше емитувано во живо на YouTube, а теоретичарот го поврза коронавирусот со 5G мрежата. YouTube соопшти дека ова видео ќе биде избришано.

Заедницата на научници упати остри критики кон теоријата на заговор која тврди дека 5G технологијата помага во ширењето на коронавирусот.

Професорот Симон Кларк објаснува дека овие тврдења се неточни.

„Вашиот имунолошки систем може да биде загрозен поради лош начин на исхрана, стрес и умор, но 5G технологијата има мали радиобранови кои не можат да влијаат на имунолошкиот систем“, вели тој.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар