MKDNews.com

Трет смртен случај од коронавирус, регистрирани нови 29 заболени

Трет смртен случај од коронавирус, регистрирани нови 29 заболени
март 25
18:23 2020

Почина уште една пациента заболена од коронавирус.Пациентката била подолго време на респираторна машина. Се работи за 66 годишна жена од Дебар.

​-Денеска имаме уште една почината пациентка заболена од коронавирусот, пациенктка која подолго време беше на респираторна машина. Пациентката беше од Дебар и таа и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната тепарија за жал почина денеска, пред неколку часа, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Веко Филипче.

Тој додаде дека починатата пациентка била на 66-годишна возраст и оти во историјата имала податок дека прима хронична терапија за хипертензија.

Таа и нејзиниот сопруг беа дијагностицирани позитивни на коронавирус на 6 март. Тие во земјава допатувале од Италија. Првично беа во стабилна состојба, но потоа на жената и се влоши здравствената состојба и беше поставена на респиратор.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар