MKDNews.com

Наоми Кембел знае како да се заштити од коронавирус

Наоми Кембел знае како да се заштити од коронавирус
март 11
19:58 2020

Наоми Кембел веќе одамна е познато дека темелно чисти сè околу себе пред да се качи на авион, но сега ја пренесе заштитата од вируси на ново ниво.

Легендарната манекенка позираше на аеродром облечена во заштитна облека, со маска и очила на лицето и розови гумени нараквици на рацете. Со оглед на тоа што таа со години е во светот на модата, не е изненадување што белиот куфер се совпаѓа со остатокот од облеката.

„Безбедноста на прво, ново ниво. Целото видео ќе го објавам на YouTube наскоро“, напиша таа со фотографијата.


Наоми минатото лето покажа дека многу сериозно ја врши рутината на чистење на седиштата на авионите.

„Летај безбедно“, напиша Наоми Кембел на Инстаграм, а своето модно издание го збогати со нараквици, маска и средство за дезинфекција.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар