MKDNews.com

Kоронавирусот ги избрка зајачиците: Се гаси магазинот „Плејбој“!

Kоронавирусот ги избрка зајачиците: Се гаси магазинот „Плејбој“!
март 20
09:47 2020

„Плејбој“ одлучи да го прекине печатеното издание поради проблемите во работењето предизвикани од коронавирусот.

По 67 години откако Хју Хефнер го основаше, најпознатиот магазин за мажи наиде на преголема препрека во облик на глобалната пандемија на ковид-19.

Тоа не значи дека „Плејбој“ ќе прекине со постоењето, туку ќе премине на дигитална платформа.

Од магазинот наведуваат дека приоритете ќе биде онлајн изданието, а дека исто така се планира и повремено објавување на специјални издание во печатен формат.

Хју Хефенр во 1953 година го заложил мебелот, земал хипотека и кредит во банка од 600 долари, собрал 8.000 долари од 45 инвеститори (вклучувајќи и 1.000 долари од мајка му) па го основал „Плејбој“.

Првиот број на „Плејбој“ бил објавен во декември 1953 година, а на насловната страница се нашла фотографија од гола Мерилин Монро од 1949 година, направена за календарот. Првенецот бил отпечатен во 70.000 примероци, а се продале 54.000 примероци. Затоа, Хју Хефнер во џебот платил 75.000 долари во 1992 година за да биде погребан до Мерилин Монро, иако ако ѝ се верува на Википедија, тој никогаш не ја запознал.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар