MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучува дали да го напушти Собранието

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучува дали да го напушти Собранието
февруари 12
21:36 2020

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе ја разгледува можноста да го напушти Собранието. Ова го најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ би се одлучило на таков чекор поради тоа што денеска не беше свикана седница за распуштање на Собранието.

За ова прашање вечерва ќе одлучува Извршниот комитет на партијата.

Според Мицкоски, со денешното нераспуштање на Парламентот власта не го почитува политичкиот договор со кој парламентарните партии одлучија на 12 април да има предвремени избори, а Собранието да се распушти на денешниот ден.

Попладнево на интернет-страницата на Парламентот воопшто не се појави најава за седница за распуштање на Парламентот како што побара од ВМРО-ДПМНЕ .

Пред два дена спикерот Талат Џафери најави дека според пресметките на Државната изборна комисија, последен рок до кога Парламентот би можел да работи, а при тоа да не се загрози 12 април како датум за избори е недела 16 февруари.

Лидерот на СДСМ пак, Зоран Заев, во неколку наврати најавуваше дека Собранието нема да се распушти на 12 февруари ако не се донесе Законот за јавно обивнителство. Но и тој уверуваше оти таквиот чекор нема да го доведе во прашање договорениот датум за избори во април.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар