MKDNews.com

Вардар со нов пораз во Лигата на шампионите

Вардар со нов пораз во Лигата на шампионите
февруари 29
21:10 2020

Европскиот ракометен шампион Вардар доживеа пораз на домашен терен од Монпелје со 27-31 (13-14) во последното коло од групата „Б“ од Лигата на шампионите.

Вардар го отвори одлично мечот и поведе со 5-1, но по серијата голови и грешки на домашниот тим, Французите фатија ритам и на полувремето заминаа со плус 1 позитива. На почетокот на вториот дел Монпеље поведе со +3 (13-16) а во 50-тата минута разликата веќе беше опиплива (23-28) за францускиот тим.

Нашиот тим не се предаде и намаливме на 26-27 на четири минути до крајот, но вардарци немаа сили да направат целосен пресврт.

Стоилов со 7 гола и Горбок со шест погодоци беа најефикасни во редовите на Вардар.

За македонскиот тим ова е осми пораз сезонава во најсилното европско клупско натпреварување, по што тимот на Стевче Алушоски заврши на шестото место на табелата со 11 бода.

По победата на Порто против Мешков Брест, „црвено-црните“ во осминафиналето ќе играат со третиот од групата „А“, што најверојатно ќе биде Пик Сегед.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар