MKDNews.com

Спасовски бара разрешување на министерката Мизрахи

Спасовски бара разрешување на министерката Мизрахи
февруари 12
20:48 2020

Спасовски бара разрешување на Мизрахи поради кршење на уставот.  Од владата велат дека министерката намерно го Прекршила  и со тоа ја загрозила евроатланската иднина на државата. 

Спасовски потврди дека предлогот е доставен до собранието, вели компромис за непочитување на уставот и законите, не може да има.

Предлогот   на Спасовски за разрешување на министерката Рашела Мизрахи, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборува за нервоза поради извборниот неуспех. Мицкоски апелираше премиерот да ја преиспита одлуката.

Инаку, министерката за труд и социјална политика и вчера потврди дека нема намера да застане пред северна и  нема да го менува банерот со Република Македонија, наследен од нејзината претходничка, па ако треба ќе плати и казна од 5000 евра. По вербалната нота од Грција министерот Димитров пред неколку дена побара Спасовски да ја разреши, обвинувајќи ја дека  ги прекршила уставот и преспанскиот договор, проблематизирајќи ги односите со Грција, членството во НАТО и датумот за преговори со ЕУ.  Предлогот за нејзиното разрешување веќе им е доставен на пратеничките групи. Согласно уставот ,Собранието одлуката треба да ја донесе на првата наредна седница.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар