MKDNews.com

Собранието не се распушти!

Собранието не се распушти!
февруари 12
20:57 2020

Собранискиот спикер Талат Џафери не ја закажа седницата за распуштање на Парламентот. Според информациите оттаму, предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тоа да се случи денеска, 12 февруари, најверојатно ќе биде отфрлен како неуставен затоа што е поднесен со старото име на земјава наместо со новото уставно име.

Џафери потврди дека на дневен ред на седницата за распуштање на парламентот ќе ја стави одлуката што лично тој ја поднесе, а на која засега не е запишан датум кога ќе се распушти Собранието. Утре, не ја исклучува можноста, да закаже продолжение на седницата да се гласа законот за ЈО.

„Чекам да ги добијам известувањата од комисиите и да се координираме со пратеничките групи околу агендата по што ќе закажам седница веројатно за утре.“

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар